Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека обидот за пуч на „терористичката група“ на имамот Фетулах Ѓулен неуспеа поради волјата на народот.
Тој, на погребот на неколкумина убиени за време на обидот за воен удар, посочи дека ќе продолжи чистењето на тој „вирус“ од државните институции.
Ердоган најави и дека ќе продолжат апсењата на тие кои ги „уништиле“ вооружените сили. Тој повторно ги повика граѓаните и неговите приврзаници да останат на плоштадите.
Илјадници граѓани присуствуваа на погребот на убиените во обидот за воен преврат во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.