Ердоган и Путин ќе се сретнат на почеток на август. Тоа ќе биде прва средба на лидерите на Турција и Русија, по затоплување на односите кон крајот на јуни откако Ердоган се извини за соборувањето на рускиот воен авион лани во ноември.
Путин денеска телефонски разговарал со Ердоган за да му изрази поддршка по неуспешниот преврат во државата.
-Владимир Путин во врска со обидот за насилно рушење на демократски избраната турска власт ноќта на 16-ти јули го нагласи принципиелниот став на Русија за категорично неприфаќање на антиуставни акции и користење сила во животот на државата- соопшти Кремљ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.