| четврток, 6 декември 2018 |

Монтела со победа стартуваше во Милан, Сусо ги постигна двата гола (видео)

suso

Винченцо Монтела дебитираше со победа на клупата на Милан, откако „роонерите“ благодарение на Шпанецот Сусо го совладаа францускиот прволигаш Бордо со 2-1.

Сусо го отвори резултатот во 28. минута, кога по грубата грешка на одбраната на Бордо, го совлада голманот Приор. Десет минути подоцна на додавање на Бонавентура, истиот фудбалер го постигна вториот гол и на одмор се замина со 2-0.

suso 1

По акцијата на Траоре, со голот на Малколм во 75. минута Бордо ублажи на 1-2. Монтела го извади скоро ланскиот тим на Михајловиќ и Броки и ниту еден новајлија не дебитираше за Милан на првиот тест натпревар во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top