Утре започнува судењето на турските војници во Александруполи. Грчкиот обвинител го смени обвинителниот акт и осумте војници кои со турскиот воен хеликоптер вчера слетаа во Грција и побараа азил, сега се товарат за нелегален лет во Грција.
Како што пренесе грчката државна телевизија „ЕРТ“, исклучено е обвинувањето со кое војниците се товареа и за нарушување на односите меѓу Грција и Турција. Седум од војниците се обвинети за поттикнување на нелегален лет, а еден за изведување на летот.
Војниците утре ќе бидат изведени пред суд. Проценките се дека или веднаш ќе бидат осудени или пак дека постои можност адвокатот да добие одложување за судењето.
Турските војници се бранат дека не знаеле дека се случува обид за воен удар и само извршувале наредби за пренесување на повредени кога биле нападнати од турската полиција. За да се спасат избегале во Грција.
Паралелно со судењето ќе тече и процесот за екстрадиција на војниците во Турција. Војниците ќе треба и официјално да поднесат барања за азил во грчката Служба за азил во Александруполи. Според информациите процесот за разгледување на барањето за азил ќе трае две до три недели.
Ситуацијата е деликатна и комплексна и може во секој момент да создаде голем дипломатски скандал меѓу Грција и Турција. Она за што Грција е особено внимателна е фактот дека од Турција стигнаа потенцијални закани дека сите војници кои учествувале во пучот може да се соочат со смртна казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)