Едно лице загина откако утрово вооружена група го нападна полициски штаб во главниот град на Ерменија, Ереван. Напаѓачите според првичните информации бараат ослободување на шефот на опозицијата.
Ереван pic.twitter.com/jgrMtni5D2
— Все Плохо (@sranysovok) July 17, 2016
Нападот започнал кога вооружена група со камиони минаа низ портите на седиштето на полицијата, по што ја презедоа контролата на зградата.
БТР прикрывший дорогу к отделу полиции #Yerevan #Ереван #Армения #путч #мятеж pic.twitter.com/UhRNbmZf5W
— Stepan Vardanyan (@styoplotr) July 17, 2016
Според дел од локалните медиуми, шефот на локалната полиција се држи како заложник.
Во моментов, според официјалното соопштение од властите, се преговора со вооружените групи за да се обезбеди нивно мирно предавање на властите, во изјавата се додава дека поддржувачи на напаѓачите шират лажни информации за „вооружен удар”, преку социјалните мрежи.
Преку канал на Јутјуб веќе се врши директен пренос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)