Водителката Марјана Станојковска синоќа пред себе имаше невозможна мисија – од Скопје во живо да го води Државното лото, а веднаш потоа да се појави на сцената на „Пивофест“ во Прилеп, каде е домаќинка овие четири дена заедно со Жарко Димитриоски.
Кога вчера тој сам го најавуваше Миле Кузманоски, рече дека не знае каде е Марјана.
- Не знам каде е Марјана, може го пречекува Аца Лукас – се пошегува водителот.
Но, долгоногата водителка не е само убава кукла, туку и вистинки професионалец. Од лотото во Скопје, подоцна таа вечер блесна и на сцената во Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.