| четврток, 6 декември 2018 |

Марјана со временска машина: Во 20 часот на лото од Скопје, во 22 веќе од Прилеп (ФОТО)

Водителката Марјана Станојковска синоќа пред себе имаше невозможна мисија – од Скопје во живо да го води Државното лото, а веднаш потоа да се појави на сцената на „Пивофест“ во Прилеп, каде е домаќинка овие четири дена заедно со Жарко Димитриоски.

DSC09795

Кога вчера тој сам го најавуваше Миле Кузманоски, рече дека не знае каде е Марјана.

  • Не знам каде е Марјана, може го пречекува Аца Лукас – се пошегува водителот.

Но, долгоногата водителка не е само убава кукла, туку и вистинки професионалец. Од лотото во Скопје, подоцна таа вечер блесна и на сцената во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top