| четврток, 6 декември 2018 |

Масакр поголем од Ница: Голем терористички напад се очекува во скоро време во Британија

Tan2016-7-13_19756145_1-620x350

Веќе имаме сериозно ниво на опасност, што значи дека терористички напад е многу веројатен, изјави новоназначената британска премиерка Тереза Меј. Таа нема сомнеж дека терористички напад е многу веројатен во Британија по она што се случи во Ница кога возач на камион усмрти 84 лица, претежно деца, а рани уште 200 на францускиот национален празник Денот на Бастилја.

Таа рече дека граѓаните не треба да очекуваат напад како овој во Ница или во Белгија не можат да се случат и во Британија.

Инаку, „сериозно ниво“ на опасност има уште од 2004 година кога е подигнато од „значително“ ниво. Ова е само еден степен пониско од „критично“, што значи дека напад се очекува во најскоро време.

Меј упато сочувство до претседателот на Франција Франсоа Оланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top