| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ги повикува граѓаните да станат резервисти

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев ги повика граѓаните да станат резервисти и на тој начин да им помогнат на безбедносните сили по неодамнешниот терористички напад во Ница.

Францускиот оперативен резервен состав ги вклучува француските државјани со или без воено искуство, како и поранешни војници.

– Сакам да ги повикам сите француски патриоти кои ако сакаат, може да се придружат на овие оперативни резервисти – изјави Казнев.

Резервниот состав моментно брои 12 илјади доброволци.

Тој додаде дека и бројот на безбедносните сили распоредени зарад заштита на населението е скоро 100 илјади прецизирајќи дека меѓу нив има 53 илјади полицајци, 36 илјади припадници на паравоени сили и 10 илјади војници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top