| четврток, 6 декември 2018 |

Чавушоглу им порача на Грците: Итно да ни ги пратите војниците предавници

54794954578a130ddba52871239456_v4_big

Шефот на турската дипломатија, Мелвут Чавушоглу побара од Грција да им го предаде комплетниот екипаж на турскиот воен хеликоптер. Тие по слетувањето во градот Александрополис, на северот на Грција побаралае политички азил.

– Побаравме итно предавање на осумте војници, предавници кои со хеликоптер побегнаа во Грција, изјави Чавушоглу.

Грчкото министерство за одбрана соопшти дека седум турски војници и еден цивил слетале со воен хеликоптер Black Hawk, во Александрополис. Таму биле уапсени поради нелегелен влез во земјата, а потоа побарале азил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top