
Колумбискиот интернационалец Џејмс Родригез беше доведен на „Сантијаго Бернабеу“ како спектакуларно засилување, но не успеа да се наметне во дресот на Реал Мадрид. Тренерот Зинедин Зидан и следната сезона нема да смета на него како еден од носителите на играта, па постои голема веројатност тој да си замине од клубот. Но, ќе треба да се најде заинтересиран клуб што ќе ја плати истата цена која и Реал Мадрид ја потроши за негов ангажман.
Раководството на „кралевите“ одлучи дека заинтересираните клубови што би сакале да го видат Хамес Родригез во својот тим ќе треба да платат 80 милиони евра. Засега најзаинтересиран е Манчестер јунајтед, но Жозе Мурињо будно ја следи и ситуацијата со Пол Погба. Секако дека евентуален ангажман на двајцата фудбалери би бил преголем чекор и за богатиот англиски премиерлигаш.
За услугите на Родригез се интересираше и ПСЖ, но новиот тренер Унаи Емери очигледно дека има други планови за засилувања, посебно откако „светците“ го ангажираа Хатем Бен Арфа, кој е играч со слични карактеристики како и Колумбиецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Остри критики кон Мурињо: Ако има доволно пари, нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед


