| четврток, 6 декември 2018 |

Четири апсења во Ница поврзани со терористичкиот напад

Француската полиција изутрина уапси четири лица при истрагата за терористичкиот напад во четвртокот,  за време на прославата на Денот на Бастиља, кога терорист со камион смртно прегази 84 луѓе на шеталиштето.

Полицијата посочува дека се работи за лица од блиското опкружување на напаѓачот. Според агенциите, во акцијата на апсење учествувале по 40 полицајци за секој осомничен.

Сопругата на напаѓачот, со која бил разведен, се уште е во притвор.

Француската полиција се обидува да утврди дали возачот на камионот, 31-годишниот Тунижанец делувал сам или бил поврзан со радикалниот ислам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top