| четврток, 6 декември 2018 |

Херојот од Ница: Мотоциклист се фрли на камионот за да го сопре нападот (видео)

Најмалку 84 лица беа убиени во масакрот во Ница, додека пак повеќе од 100 се ранети откако тунижанец со камион влета на шеталиште и ги газел пешаците.

France-689761

На социјалните мрежи се појави видео снимка на која што може да се види херојскиот чин на еден мотоциклист за време на нападот во Ница.

Мотоциклистот најпрвин со својот мотор му приоѓа на камионот кој ги гази пешаците, а потоа го фрла моторот и се обидува да се качи на камионот и да го сопре напаѓачот да убие уште повеќе луѓе.

Сепак, за жал храбриот мотоциклист не успеа да го сопре камионџијата во својата намера да убие што е можно повеќе лица, па пред да биде застрелан, камионот прегази најмалку 84 лица, а над 100 се повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top