| четврток, 6 декември 2018 |

Куфер со повеќе милиони евра изгоре заедно со милионерот во авионската несреќа

tomas

Во авионската несреќа која се случи недалеку од Ајдовшчина во Словенија, како што е веќе објавено, загина и интернет милионерот Томас Вагнер, еден од шефовите на фирмата Унистар, пренесоа германските медиуми.

 

Авионот се урна вчера, а летал на релација Венеција -Лајпциг. Словенечката полиција соопшти дека телата на четворицата патници се практично јагленосани, бидејќи авионот по падот се запалил.
Според пишувањата на Билд, Вагнер, наводно, со себе имал куфер со повеќе милиони евра. Несреќата се случила во време на олуја и силен ветар, а пилотот пред несреќата на контролата на летот и јавил дека имал тешкотии поради мраз на авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top