| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа: Се наоѓам во одлична форма, но се чувствувам преморена

lina gjorceska

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа во одлична форма во последните 30 дена. Откако успеа да стигне до пехарот на турнирот во Штутгарт и загуби во финалето на турнирот во Торино, младата тетовка денеска успеа со целосен пресврт да слави во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Бурса што се игра за награден фонд од 50.000 долари.

Ѓорческа веднаш по мечот изјави за „Република“ дека одиграла тежок меч во обидот за пласман во полуфиналето.

– Одиграв тежок меч денеска во четврт-финалето. Поради многуте натпревари во изминатите три недели се чувствувам преморено и слабо го почнав дуелот против Грузијката. Морав да се вратам и да соберам сили во продолжение од мечот иако бев на работ од поразот по негативата од 4-1 во вториот сет.
Во полуфиналето ме очекува домашната тенисерка Сојлу, која е прва носителка. Таа е во огромна предност бидејќи игра на домашен терен. Ќе биде многу тешко за нов триумф затоа што ќе бидам сама против сите, што би се рекло. Иако се чувствувам многу заморено ќе се обидам добро да е одморам попладнево и да настапам со сите сили, не се предавам. Не гарантирам ништо, но ветувам дека повторно ќе одиграм добар меч – ни изјави младата Лина Ѓорческа, која одушевува со своите игри ова лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top