| четврток, 6 декември 2018 |

Тивок, но намќор: Не ги поздравувал соседите, зјапал во комшиките

ubiec3

Осомничениот напаѓач од Ница, Мухамед Лауеј Булел, кој живеел во јужниот француски град, соседите го опишуваат како осамен и тивок човек, кој не изгледал како да е религиозен, јавуваат француските медиуми.

Мухамед Лауеј Булел е камионџијата што синоќа во Ница изврши терористички напад на познатото шеталиште и уби најмалку 84 и рани повеќе од 100 луѓе, а потоа беше убиен од полицијата, тврди локалниот весник Нис матен.

Претходно, по личната карта пронајдена во кабината на камионот терористот официјално беше идентификуван како 31-годишен маж од туниско потекло, кој живеел во Ница, јави АФП, повикувајќи се на полициски извори.

Соседите велат дека го гледале често со велосипед, а службениот камион го паркирал секогаш во близина на зградата, мала четирикатница во популарен кварт на Ница.

Соседот Себастијан забележал дека често носел шорцеви, а семејство од истата зграда вели дека никогаш не им го возвраќал поздравот.

Само една станарка, Анан од приземјето, вели дека не ѝ бил симпатичен зашто „премногу зјапал во нејзините ќерки“.

Полиција го претресла скромниот стан на Булел, кој живеел на првиот кат, наведува Фигаро. Во текот на претресот на станот полицијата привела уште еден човек.

– Видовме маскирани полицајци како водат некого. Не знаеме кој беше тоа, но сигурно е уапсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top