| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа со пресврт до полуфинале на престижниот турнир во Бурса

lina gjorceska

Лина Ѓорческа со фантастична игра на турнирот во Бурса уште еднаш ја потврди својата одлична форма закажувајќи си полуфинален дуел. Најдобрата македонска тенисерка ја совлада Екатерине Горгодзе со 2-1 во сетови по маратонска игра од речиси три часа.

Противничката на Ѓорческа го доби првиот сет со 6-4, но кон средина на вториот се сменија улогите на теренот. При водство од 4-1 за Горгодзе, Лина Ѓорческа се разбуди во последен момент и ги освои наредните пет гема за 6-4 односно израмнување на 1-1 во сетови.

Во последниот, решавачки сет, Македонката го искористи падот на концентрација кај Горгодзе па рутински го заврши со 6-2. Следен противник на Ѓорческа ќе биде првата носителчка Ипек Сојлу која славеше убедлива победа над Дениз Хазањук со само еден загубен гем.

Подоцна Ѓорческа заедно со Валерија Страхова ќе одигра меч во двојки каде за ривалки ќе ги имаат Акгул Аманмурадова и Натела Ѕаламиѕе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top