| четврток, 6 декември 2018 |

Шкендија на Млада Болеслав во следното коло на ЛЕ

skendija

Чешкиот претставник Млада Болеслав е можниот противник на Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Доколку тимот на Бруно Акраповиќ успее да го елиминира Нефчи, а има реални шанси за тоа по ремито без голови во Азербејџан, во следната рунда ќе ги одмери силите со четвртопласираната екипа од Чешка минатата сезона. Тоа е воедно и најслаборангираниот ривал од носителите, кои беа претходно одредени како можни противници на Шкендија во групата 4 пред ждрепката.

skendija 2

Натпреварите од третото коло од квалификациите за Лигата на Европа ќе се играат на 28 јули и на 4 август. Според ждрепката, Шкендија, доколку го помине Нефчи, ќе биде домаќин на првиот меч, на 28 август, на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top