| четврток, 6 декември 2018 |

Франција објави тридневна жалост

Премиерот на Франција Мануел Валс најави дека во Франција ќе биде прогласена тридневна жалост, која ќе почне од сабота.

– Тероризмот е закана што ја притиска Франција. Се соочуваме со војна што тероризмот ја почна против нас. Целта на терористите е да предизвикаат страв и паника – рече Валс во своето обраќање во Париз пред да се упати кон Ница, пренесува „Гардијан“.

Според него, времињата се промениле и треба да се научи да се живее со тероризмот.

– Треба да покажеме солидарност и колективна смиреност. Франција е погодена во срцето на 14 јули, нашиот национален празник. Тие сакаат да го нападнат единството на француската нација. Единствен чесен одговор е ако Франција остане лојална на духот  на 14 јули и на неговите вредности – веле Валс.

Како што нагласи, во моментов за истрагата е задолжен јавниот обвинител во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top