Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски е клучниот играч на АЕК Ларнака во триумфот од 2-3 на гостувањето против Клифтонвил во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Тричковски беше стрелец на еден погодок за Кипраните, и во два наврати асистираше во пресврт триумфот од 2-3 на гостувањето во Северна Ирска.
Тимот од Северна Ирска се до 59. минута имаше водство од 2-0, за потоа да следи комплетниот пресврт, благодарение на македонскиот офанзивец.
Прво во 59. минута, Тричковски успеа да ја намали предноста на домаќините на 1-2, а потоа му асистираше на Хараламбус во 64. минута за 2-2. Победата на АЕК ја донесе Хуан Томас во 77. минута од натпреварот, повторно на асистенција на македонскиот репрезентативец.
Овој триумф треба да донесе мирен реванш за Кипраните на патот до третата квалификациска рунда од Лигата на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.