| четврток, 6 декември 2018 |

Тричко двоен стрелец за АЕК Ларнака во гостинската победа над Ермис

ivan trickovski

АЕК Ларнака ја продолжува активно битката за титула во шампионатот на Кипар, и тоа благодарение само на македонскиот репрезентативец Иван Тричковски.

Тричковски беше двоен стрелец за АЕК во гостинската победа од 2-3 против Ермис во 25. коло. Македонскиот фудбалер стрелаше уште во 1. минута од средбата за водство од 0-1, а потоа во 32. минута погоди и од белата точка за 0-2.

Во второто полувреме, гостите преку Хевел успеаја да дојдат и до 0-3, а потоа домашните само го ублажија поразот.

По најновите два гола, Тричковски со вкупно 14 сезонава се искачи на третото место на листата на најдобрите стрелци во Кипар. АЕК, пак, со 55 бода е на само четири бода од водечкиот АПОЕЛ, кој има и натпревар помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top