Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за новото квалификациско искушение и в петок за првпат ќе биде во улога на фаворит, на гости против Лихтенштајн. Атмосферата во националниот тим е одлична, а напаѓачот Иван Тричковски, кој игра во фантастична голгетерска форма во АЕК Ларнака, верува дека овој меч ќе биде позитивна пресвртница за националниот тим по претходните порази.
– Желбата и мотивот не треба да ги нагласуваме. За нас приоритет е победа на натпреварот вo петок против Лихтенштајн. Одигравме одлично на претходните неколку натпревари, а сега се надевам дека тоа ќе го надградиме и со освојување на бодовите. Конечно ова е натпревар кој може да биде пресвртница за нас по сите негативности кои ни се случуваа во изминатиот период. Работиме посветено, ја знаеме својата одговорност и зададените задачи од селекторот и одиме да успееме во намерата да победиме – вели Тричковски.
Македонскиот национален тим утринава со чартер лет отпатува за Вадуз, каде во 18.30 часот ќе го одржи и официјалниот тренинг на стадионот „Рејнпарк“ во пресрет на натпреварот в петок, кој е закажан за 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Криминална одлука ќе ги однесе на Мундијалот? Со непостоечки пенал, Швајцарија на чекор до Светското во Русија
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски