Градот Штип и Црвениот крст на Македонија во пресрет на големиот христијански празник Велигден им помогнаа на најсиромашните во градот, доделувајќи им педесет пакети хуманитарна помош за штипските стечајни работници.

– Секогаш кога можеме, ќе направиме, помош да добијат сите оние кои се на списокот кој вие го имате и да се потрудиме полека да ги згрижуваме оние кои се работоспособни, кои можат да работат – изјави Илчо Захариев, градоначалник на Штип
-Ние и во иднина ќе продолжиме со ваквите активности со цел да се оствари нашата заедничка мисија, односно да им се помогне на оние кои тоа најмногу им е потребно- изјави Никола Камчев, претстедател на Црвен крст – Штип.
Стечајците велат дека ова е прв пат некој да се сети на нив и иако помошта е скромна, сепак ним многу им значи. Во моментот во Штип се евидентирани над 350 стечајни работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


