| четврток, 6 декември 2018 |

На луѓето не им фали Тито, туку убавиот живот во тоа време

Денеска се навршуваат 33 години од смртта на Тито, доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и според сите показатели на луѓето не им фали Тито, туку убавиот живот во тоа време.

tito i jovanka

Миливој Милошевиќ, режисерот на телевизиската серија „Црвено и црно“ која се емитуваше на РТС во 2006 година дава оценка за времето во кое живеел Тито и за ова сегашново.

– Луѓето ми се јавуваат и ми велат дека серијата е добра. Тие дури сега октриваат дека не им фали Тито, туку неговата Југославија – изјави режисерот.

Во серијата за Тито се раскажува како бравар, револуционер, робијаш, голем љубител на ловот и но за итриот државник кој ги победил Адолф Хитлер и Јосиф Сталин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top