Нова снимка објави полицијата во Фресно, Калифорнија од убиство на невооружен 19-годишен маж од страна на двајца полицајци, пишува Дојче веле.
Новото видео кое го објави самата полиција повторно ги разгоре страстите во САД каде веќе со денови траат протестите поради полициското насилство и расизам. Овој пат жртва е 19-годишен белец, Дилан Ноубл кој бил застрелан од двајца полицајци откако одбил да ги следи нивните наредби.
Ноубл бил запрен во рутинска сообраќајна контрола, но одбивал да легне на земја и постојано посегал зад појасот, што на полицајците им дало повод за сомнеж дека можеби е вооружен.
Шефот на полицијата во Фресно, Џери Дајер изјави дека видеото било објавено поради јавната загриженост за убиството и како полицијата се однесувала во инцидентот.
„Барам мир во нашата заедница“, изјави Дајер.
Видето го прикажува Ноубл како излегува од своето возило и повеќепати одбива да ги слуша наредбите на полицајците.
За време на инцидентот Ноубл вели дека го „мрази својот живот“ и ја држи раката зад грбот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)