Романската полиција откри 65-мина изгладнети и изнемоштени луѓе, меѓу кои и десетици деца, кои со години биле држени во заробеништво во јужниот дел на земјата, 150 километри од Букурешт. За време на рацијата во планинскиот град Беревоести, полицијата пронашла луѓе, оковани во синџири, целосно прегладнети и дехидирирани и со видливи рани на телото.
Уапсени се 30-мина осомничени, кои ќе одговараат за трговија со луѓе, но и за измачување, за тортура и сексуално насилство. Тие ги принудувале заробениците да просат, да крадат, да вршат дива сеча и екстремно тешки работи, а неретко ги принудувале и да се тепаат меѓу себе.
Најголем дел од жртвите имале пречки во развојот или биле бездомници, а биле киднапирани од јавни места како железнички и автобуски станици.
Според романските медиуми, некои од нив во заробеништво биле цели осум години. На осомничените им се заканува казна затвор до 30 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)