Почна обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец. Изведувач на градежните работи е српската фирма „Кото“.
Увид во градежните работи во манастирскиот комплекс денеска изврши министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Таа изјави дека Министерството за култура за обновата на конаците одвоило два милиони евра.
-Овде конаците ќе се изградат според проектот оти Трексавец е од највисок ранг споменик на култура. Рокот е три години. Засега се тече според планот. Се договоривме и за уште еден друг пристап до манастирот за камионите, за непречено изведување на градежни работи. Од фирмата „Кото“ велат дека ќе се потрудат да ги забрзаат градежните работи и да ги изградат конаците според сите стандарди, рече Канческа Милевска.
аралелно Прилепскиот Завод и Музеј работи на проектите за црквата, магерницата и трпезаријата кои датираат од 13 век.
Според министерката Канческа – Милевска, елаборатот за сите зафати треба да биде готов следната недела.
– Одредена превентивна заштита е потребна, а проектите треба да бидат готови крајот на годината. Идната година да започнеме со конзервација, додаде Канческа Милевска.
Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс треба да се заврши до 2018 година.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески изјави дека обновата на манастирот значи многу за општината, односно за развојот на манастирскиот туризам.
Посочи дека манастирот е еден од најубавите на Балканот и е многу посетуван. – Постојано вложуваме во развојот на културниот туризам, додаде Ристески.
Отец Калист истакна дека за МПЦ е важна и изработката на проектите за црквата, трпезаријата и магерницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Манастирот во Калишта исцелува од болести и ги дарува оние кои не можат да имаат деца
-
Алармантно: Манастирот Трескавец повторно во опасност, пожарите се намерно предизвикани
-
Oдбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот во Матка
-
Кривична пријава за скопјанец кој се напил и предизвикал пожар во Зрзе