| четврток, 6 декември 2018 |

Таа сака пари, куќа, чевли, карти за Вимболдон и покана за балот на Елтон Џон – следува еден од најскапите разводи во светот

Кристина Естрада се разведува од саудискиот милијардер Валид Јуфали и одлучи да го „ограби“.

Поранешен топ модел има многу бизарни барања што адвокатите едноставно не знаат што да прават.

– Јас сум Кристина Естрада, бев светски топ модел и секогаш живеев на висока нога. Јас на тоа сум навикната, изјави таа на суд.

Кристина од него бара неверојатни 262 милиони долари како компензација за 13 години брак поминати заедно.  Таа покрај тоа бара уште 73 мииони долари за куќа, 1.3 милиони доарли годишно само за облека плус уште дополнителни 53 илјади долари за крзнени капути, 146 илјади за фустани и 28 илјади годишно за чевли.

На судот таа направи вистинско шоу кога почна да плаче прераскажувајќи го разговорот меѓу неа и ќерката која наводно рекла: „Мамо, ќе бидеме сиромашни“.

Нејзиното сведочење сите во судот го слушаа во шок и неверување, а целосна тишина настана кога таа рече дека сака куќа во елитниот дел на Лондон која чини 73 милиони долари и уште доплнители 8.7 милиони за преуредување, пишува Дејли мејл. За да не остане само на тоа, од шеикот, кој моментално се наоѓа во Швајцарија каде се лекува од рак бара и 37 милиони долари годишно за билети за Вимбледон и 13.300 долари за да може да оди на бал кој го организира Елтон Џон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top