| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хрватска се најавува невреме, ќе дојде ли кај нас?

Неколкудневните горештини во Хрватска се при крај и се најавува невреме со грмежи и дожд кои се очекуваат за денеска попладне и утре. Според новата прогноза се најавени дождови во Далмација и западна Славонија. Ќе дува и слаб ветер.

Утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, особено во источните делови. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен и југoзападен правец. Утринските температури ќе бидат во 14 до 22 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 33 до 40 степени.

Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови. В петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, ветровито и доста посвежо време со локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува повторно стабилизирање со постепен пораст на температурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top