Новооткриеното писмо на лекарот на познатиот сликар Ван Гог ја разјасни мистеријата на неговото отсечено уво.
Д-р Реј, кој го лечел Ван Гог, во писмото направил дури и цртеж на отсеченото уво и опишал што се случило со него.
Историчарите на уметност порадно мислеле дека познатиот постимпресионист го отсекол своето уво и го дал на една проститутка во Арл каде што често доаѓал.
Врз основа на писмото се докажува дека сликарот го дал увото на девојка по има Габриела, која не била проститутка, туку чистачка. Пред да дојде во контакт со Ван Гог, таа била нападната од кучиња и почнала да работи како чистачка во бордел, за да го плаќа лечењето.
Ван Гог се самоуби во 1890 година откако успеал да продаде само една од своите 900 насликани дела.
Пиштолот, писмото и 25 слики и цртежи на славниот сликар ќе бидат дел од изложбата „На граница со лудилото“ која ќе биде отворена в сабота, во Амстердам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.