| четврток, 6 декември 2018 |

Успешен старт на тенисерката Ѓорческа на турнирот во Бурса

Лина Ѓорческа, моментно најдобрата македонска тенисерка успешно почна на ИТФ турнирот во Бурса (Турција), кој се игра за награден фонд од 50.000 американски долари. Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Селин Овунк со 2-0 во сетови, потврдувајќи го епитетот на осма носителка.

Ѓорческа на стартот поведе со 4-0 во гемови и првиот сет го комплетираше со 6-2.

Во вториот сет, битката беше израмнета во првите четири гема (2-2), а потоа Ѓорческа го засили темпото и стигна до идентични 6-2, комплетирајќи го мечот. Во следното коло македонската тенисерка ќе ги одмери силите со Анастасија Комардина од Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top