| четврток, 6 декември 2018 |

Вистината за детството на монструмот: Мајка му го напуштила кога бил мал, ја нашол, па очувот го избркал

ubica

Мајката на убиецот од Вратарница, Владица Рајковиќ (28), кој ја силувал и убил малата Ангелина (3), го напуштила кога бил многу мал, а сега живее во Белград, пишува српски Телеграф. Тие разговарале со мештаните од селото во кое се случи оваа трагедија за да дознаат нешто повеќе за убиецот и тоа што го натерало да го направи страшното злосторство.

– Мајка му е родена во Бујановац, а сега живее во Белград. Мажена е за некој човек од Косово со кој има уште три деца, раскажал Томислав кој добро го познава семејството Рајковиќ.

Тој додал дека неговата мајка била избркана од семејната куќа од страна на сверквата, кога Владица имал само неколку години.

– Немаа никаков контакт, а кога Влада порасна отиде во Белград да ја најде. Ја лоцираше преку неговата полусестра, но очувот не можеше да го поднесе, па го избрка оттаму, додал тој.

Соговорникот исто така открил дека по тоа искуство, Владица повеќе никогаш не ја контактирал својата мајка, а неговиот татко Небојша пред извесно време донел нова жена во куќата.

– Таа кај нив седеше околу една година, но потоа си замина, завршил тој.

Мајката на убоецот, која се вика Зорица, сите во селото ја опишале како жена на место, грижлива мајка која работи во фирма во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top