Најдобриот светски фудбалер, Португалецот Кристијано Роналдо кој ја освои европската титула со својата репрезентација, заработи повреда на финалниот меч против Франција по еден дуел со Димитри Паје во шестата минута.
Тој се обиде да го продолжи мечот но латералните лигаменти на неговото лево колено неможеа да ги издражат напорот и мораше да го напушти финалето во 25 минута со солзи во очите и разочаран што неможе да го одигра можеби најважниот натпревар во неговата кариера.
Сепак во продолжение неговите другари од репрезентацијата стигнаа до толку посакуваниот гол во 109 минута и заслужено ја освоија европската титула.
По деталните лекарки прегледи извршени ден по мечот укажаа дека тој има сериозна повреда на коленото и ќе мора да отсуствува повеќе од 30 дена и со тоа Роналдо ќе мора да го пропушти финалето на Суперкупот на Европа против Севилја.
Сепак од лекарскиот тим на Реал Мадрид наведуваат дека тие сеуште немаат извршени детални лекарски прегледи, но според зборовите на главниот доктор Хозе Гонзалес, повредата на Роналдо е крајно сериозна бидејќи според тоа што го видел досега се работи за делумно кинење на предните вкрстени лигаменти. Според него за рехабилитација на таква повреда без хируршки зафат се потребни минимум два месеца пред фудбалерот да почне лесно да тренира со топка и праволиниски да трча.
Навивачите на Реал Мадрид се на штрек чекајќи ја последната информација за повредата на најдобриот играч на „Кралевите“ со кои Португалецот ја осови и Лигата на шампионите оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.