| четврток, 6 декември 2018 |

Со играчки ја мамел во својата соба – Бабата на убиецот сведочи за страшното злосторство

Vladica-670x11651-620x350

Владица Рајковиќ (28) од селото Вратарница која ја силувал и убил малата Ангелина Стефановиќ (3), според зборовите на неговата баба Илинка Рајковиќ, убиеното девојче и претходно го носел во својата соба.

Таму имало многу детски играчки и боенки, со кои тој го мамаел девојчето да влезе.

– Владо, што ни направи… зошто вака не осрамоти. Зошто го уби детето кое доаѓаше во нашата куќа, кое си играше со нашите внуци, кукала на цел глас бабата која живее со неподвижниот сопруг, пишува српски Ало.

Според мештаните од селото, сите знаеле дека Владица го убил девојчето кога се дознало за страшното злосторство, затоа што за време на роденденот им рекол дека ќе оди до продавница нешто да купи, а потоа се вратил на прославата целиот изгребан.

– Владица дојде, но беше некако потиштен. На образите имаше гребнатинки како мачка да го нападнала, изјавиле соседите кои биле на роденденот.

Инаку, во неговата соба во аголот се уште стоеле детските играчки. Во тоалетот тој ги перел крвавите алишта, а таму се уште стоел сапунот кој бил целиот црвен од крвта кога полицајците прибирала докази од куќата.

– Нормално се однесуваше, не забележавме ништо чудно кај него ноќта кога ја уби. Ние го одгледавме, а тој нас не издружуваше. Работеше, ни носеше храна. Се занимаваше и со земјоделство, возеше трактор и беше примерно момче. На знам што му стана за ова да го направи, изјавила неговата баба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top