| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународна награда за најменаџер и за животно дело за Симон Наумоски, претседател на одборот на директори на „Витаминка“

najmenager2

Симон Наумоски, Претседател на Одборот на директори на Витаминка добитник е на Златна плакета за најменаџер и наградата за Животно дело во менаџирањето и бизнисот. Наградата ја додели Регионалната агенција за избор и промоција на најуспешните деловни луѓе и компании на територијата на Југоисточна и Средна Европа, Европското здружение на менаџери и магазинот „Еуроменаџер“.

Наградата има посебна тежина за мене затоа што доаѓа од регионално тело со високи вредносни критериуми и големо значење затоа што е во период кога прославуваме 60 години успешна работа на Витаминка. Сепак, не случајно овие две работи коинцидираат, односно токму денешниот статус на Витаминка и она што овој македонски бренд во прехранбената индустрија претставува како кај нас, така и во земјите од регионот е причина и повод за оваа награда и мое лично и големо задоволство. Да се биде избран меѓу сите тие истакнати менаџери и врвни личности е и голема чест исто така“, изјави Симон Наумоски, Претседателот на Одборот на директори на „Витаминка“ по повод добивањето на наградата.

Во текот на овие 42 години успеа Витаминка да ја поведе низ најтешките и предизвикувачки периоди и да ја издигне на ниво на лидер на пазарот во прехранбената и кондиторската индустрија.

Според организаторот на изборот, овие награди и признанија се потребни затоа што претендираат да го променат системот на вредности, каде најпризнати и најпочитувани би биле оние кои што придонесуваат за развојот на економијата и кои создаваат нови вредности. Манифестацијата се организира по 34ти пат и на овие простори во деловниот свет претставува истакнато и релевантно тело за валоризација на деловните резултати и менаџерските вештини. Во десет категории, за оваа престижна награда годинава беа номинирани околу 1000 менаџери и компании од сите области, а признание добија само дваесет и двајца најистакнати и најзаслужни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top