По врелиот понеделник, жителите на Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија ги очекува пекол кога температурите во одредени делови ќе достигнат 37 степени.
Веќе за среда се предвидува невреме проследено со грмотевици и обилни врнежи.
Поради најавените високи температури хрватскиот метеоаларм издаде цела низа предупредувања, вклучувајќи го и црвениот аларм кој е на сила во Славонија, Барање и Истра, како и на северното приморје и поширокото карловско подрачје.
Црвениот аларм се издава во случај кога се очекуваат исклучително опасни временски услови.
За остатокот на државата важи портокаловото предупредување, кои предупредуваат на опасни временски услови. Исто така во загреб, Хрватско загорје и Меѓумирје е издадена жолта тревога поради можно невреме со грмотевици.
Денеска по сончевото претпладне, во попладневните часови од запад се очекува наоблачување со врнежи и грмотевици со можност за невреме.
А од четврток се очекува значително освежување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


