| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар несреќно против Динамо Загреб – многу шанси, само еден гол

vardar-dinamo-zagreb-120716

Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечерва на арената „Филип Втори“ загуби од Динамо Загреб со 1-2 во првиот натпревар од 2. коло во квалификациите за Лигата на Шампиони.

И покрај поразот, „црвено-црните“ покажаа солидна игра, имаа многу шанси за гол, но едноставно немаа среќа да ги реализираат. Поведоа гостите со автоголот на Мијушковиќ во 21. минута, а за неполни десет минути водството на хрватскиот шампион веќе беше дуплирано со голот на Марко Рог во 30. минута. За „вардарци“ реализираше Хамбарџумјан во 55. минута за конечни 1-2.

Реваншот на „Максимир“ ќе се одигра за седум дена, хрватскиот тим со победата во гости секако е многу поблиску до пласман во следното квалификациско коло од ЛШ, но сепак фудбалерите на нашиот шампион оставија позитивен впечаток, со храбра и доста офанзивна игра против најдобриот тим од Балканот, Динамо Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top