Откако пред две години се појавиле снимки од Југоисточна Азија со борци под црното знаме на ИСИС, сè повеќе расте бројот на членови на оваа терористичка организација во овој дел од светот.
Неколку милитантни групи во Индонезија веќе се заколнале на верноста на ИСИС, како и оние кои стојат зад бомбардирањето на Џакарта, додека во Малезија симпатизерите на ИСИС активно делуваат на социјалните мрежи. Неколку стотини југоисточни азијати сега се во Сирија и Ирак, каде ја формирале групата „Катибах Нусантара”, која тврди дека ги претставува југоисточните Азијати кои се борат за истата цел како и ИСИС, пишува Си-Ен- Ен.
Немирите поради активностите во врска со делувањето на ИСИС во јужниот дел на Филипините, го кренале нивото на загриженост дека регионот наскоро би можел да стане таканаречена територија или провинција на Исламската држава.
Филипинските безбедносни служби ја одбиле опасноста од групите како „Абу Сајаф”, неколку фракции кои прогласиле верност на ИСИС, а станува збор за криминалци и разбојници. Со тоа службите навистина ја потцениле опасноста која им се заканува. Самата група „Абу Сајаф” не е хомогена во своите ставови и кај нив има такви кои повеќе се заинтересирани за пари отколку за идеологија.
Но, реалноста е таква што тие бандити се покажале како тешки противници на филипинските тајни сили. Војската е корумпирана. Исто така, професионалноста на филипинската војска е посебно прашање. Значајни препреки на противтерористичките операции на југот се митото и корупцијата меѓу војниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)