Од 131 обезбедена согласност за вработување дефектолози во училиштата, 72 се веќе реализирани, а останатите ќе бидат вработени во септември. Ова денеска го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на состанокот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и градоначалниците од осум општини.
На состанокот се разгледуваше прогресот на решавање на барањата на граѓаните од теренските посети на општините во Скопје и низ Македонија.
Ристовски додаде дека за Кичево е добиена согласност за сите четири основни училишта и две согласности за дефектолози во средните училишта.
– Во Кичево од шест дефектолози колку што се потребни, двајца се вработени, а останатите ќе се вработат во септември, рече Ристовски.
Тој појасни дека според нивните анализи имало 104 или 106 невработени дефектолози, а вкупната бројка на побарувања во училиштата била 131.
Груевски потсети дека одлуката е да се вработат сите невработени дефектолози бидејќи, како што рече, има голема потреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството