| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштен во употреба новиот модерен кружен тек во Гази Баба (ФОТО+ВИДЕО)

Во присуство на градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска официјално беше пуштен во употреба новиот кружен тек.

kruzen-tek-1-640x480

Кружниот тек се наоѓа меѓу улиците „16 Македонска бригада“ и „Коце Металец“ во населба Автокоманда.

Новото сообраќајно решение ќе придонесе да се зголеми безбедноста, но и просторот доби целосно нов уреден и урбан лик.

1kruzen-tek

Во самиот кружен тек се формирани две сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри, а во самиот кружен тек е формиран зелен појас од 60 метри.

Вкупната вредност на проектот за изградба и уредување на кружниот тек изнесува 53,6 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top