Египетскиот напаѓач Мидо, кој играше за Тотенхем, Мидлзбро, Виган и многу други клубови, раскажал една необична случка за тоа како за малку ќе го убиел Златан додека биле соиграчи во Ајакс во 2003 година.
Во автобиографијатат на Ибрахимовиќ е раскажана целата ситуација.
– Мидо беше незадоволен затоа што тренерот го изостави од стартниот тим, а тој потоа во гардеробата ги навредуваше сите играчи и ги нарече пи*ки. Јас на тоа му вратив и му реков, ако некој е тука тоа, тогаш мора да си ти. Тој збесна, ги зема ножиците од физиотерапевтат и скокна на мене. Беше луд. Среќа успеав да се одбранам, па ножиците се забија во ѕидот – раскажува Ибра во својата автобиографија.
Говорејќи во документарецот „Да станеш Златан“, пензионираниот Мидо за овој инцидент изјавил:
– Бев премногу возбуден затоа што не го почнав натпреварот. Кога влегов во игра веќе беше 2-0, а на теренот почнав веднаш да се карам со сите. Ги држев тие ножици за да ги пресечам завоите на моите зглобови, а кога го слушнав тоа, како да се исклучив. 10 минути подоцна влегов во џакузито, а таму беше Златан. Го погледнав во очи и му реков – Знаеш ли дека за малку ќе те убиев. Тој ми рече – Знам, и почна да се смее – завршил Мидо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.