Денеска е направена обдукција врз силуваното, а потоа брутално убиено девојче со камења и тупаници. На тригодишната Анѓелина Стефановиќ од зајечарското село Вратарница, убиецот Владица Рајковиќ (28) и ја смачкал главата до непрепознатливост. Тој во текот на силувањето на Анѓелина и ја пробил стомачната ципа. Полицијата кога го пронашло телото на малечкото девојче од него испаднале внатрешните органи.
Монстозниот силувач и убиец во моментот на злосторството бил целосно пресметлив.
Психијатарот кој разговарал со него оценил дека убиецот бил поднапиен, но не толку многу за да не може да управува со своите постапки и бил потполно свесен што прави.
– Во истрага осомничениот раскажал што се случило. Во моментот на силувањето девојчето почнало многу да вреска од болка. Рајковиќ побеснел, па и удрил неколку силни шамари за да престане. Но девојчето продолжило да плаче и да вреска, по што тој зел камен и ја удрил по лицето, пишуваат медиумите.
Побеснетиот убиец девојчето го докусурил со тупаници, и кога сфатил дека е мртва ги облекол панталоните, и ја одвлекол во блиската шума додека зад него останувала крвава трага. Трупот го покрил со лисја, а својата крвава гардероба ја испрал во Тимок и отишол дома каде се пресоблекол.
Потоа тој се вратил на роденден кај својата внука, седнал и почнал да пие, а подоцна дошло до судир со вујкото на Анѓелина, Далибор Стефановиќ. Кога дознале што направил, луѓето сакале да го линчуваат убиецот, но во тоа ги спречила полицијата.
Во село Вратарница сите се уште во шок и не можат да веруваат што се случило и каков монструм е нивниот сограѓанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Роналдо признал дека ја силувал Мајорга!
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Маж со месеци силувал тригодишно девојче