За потребите на истрагата за убиствотот на пејачката на „Гранд“, Јелена Крсмановиќ – Марјановиќ, која сѐ уште трае, на сослушување во полиција била повикана поранешната жена на сопругот Зоран, Сања.
– Се сомневав дека се во некоја секта. Со месеци живеев во страв. Разговараа на само, се криеа од мене и често пати се заклучуваа по собите. Затоа за решив да си одам од таму додека е време. Не сакав да дозволам мене или на мојот син нешто да му се случи. Да останев со нив, скоро сум сигурна дека и јас ќе завршев како Јелена – изјавила таа на сослушувањето.
Според нејзините зборови, тврдењата што неодамна излега во јавноста дека Марјановиќи се дел од сектата Црна ружа, не се неосновани, туку напротив, се сосема точни.
– Првата жена го оставила токму заради тие сомнителни активности и излегувања доцна во ноќта без да каже каде оди. Сите забележуваат дека целото семејство се облекува само во црно, по куќата имале чудни работи, мали шишенца кои никој не смеел да ги допира, а една соба во шупата таткото на Зоран не дозволувал никој да ја откулучи. И било чудно се во нивината семејна куќа и како тие се однесувале. Свекрвата, свекорот, а и деверот Милош, сите ја плашеле. Рече дека и убиената Јелена имала страв од Милош – изјавил извор од истрагата, кој учествувал во сослушувањето на Сања за српски „Курир“.
Таа, исто така, на полицајците им открила дека се обидувала да дознае каде точно одат и што прават, но во исто време ѝ било страв од тоа што може да го дознае.
За потсетување, убиството не Јелена се случи пред цели три месеци, а сторителот сѐ уште не е уапсен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка