Синоќа во финалниот натпревар од ЕП меѓу домаќинот Франција и Португалија, Кристијано Роналдо со солзи во очите во 25. минута поради повреда го напушти теренот, а дефанзивецот Седрик Соареш го откри неговиот мотивирачки говор во соблекувалната за време на паузата меѓу двете полувремиња.
– Тоа беа тешко моменти, сите бевме во шок поради повредата на Кристијано. Но, на полувреме во соблекувалната тој ни рече – Слушајте ме сега, јас сум сигурен дека ќе победиме. Мора да играме како тим и да се бориме за победата. Неговиот говор беше неверојатен, а ние излеговме на терен и докажавме дека како тим сме многу моќни – изјави фудбалерот на Саутемптон.
По натпреварот Роналдо повторно заплака, но овојпат од радост, бидејќи резервистот Едер со голот во 109. минута ѝ донесе историска победа на Португалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.