| четврток, 6 декември 2018 |

Убавата Емили како од мајка родена јава на бел коњ ( Фото + Видео)

Емили Ратајковски е модерна Лејди Годива. Како од мајка родена, познатата убавица позираше на бел коњ, во последната фотосесија на магазинот „Харперс Базар“.

emili118

Дваесет и пет годишната Ратајковски, уште еднаш покажа дека има неверојатна самодоверба кога станува збор за покажување на своето голо тело. Емили, која важи за истакнат феминист, сака да го смени начинот на кој луѓето ја гледаат женската голотија.

emili310

-Влегов во пубертет пред сите други. Логично бев посексуално привлечна од моите соученици. Моите наставници, момчиња, дури ни родителите на моите пријатели не сфаќаа колку е комплексно сето тоа, открива таа.

Во интервјуто за магазинот зборува за тоа како многупати била исмевана поради својата женствена фигура, а воедно и за фамозното голо селфи направено со Ким Кардашијан.

-Ким е некоја која трпи критики за многу нешта кои таа ги претставува, но за мене беше важно да посочам дека дури и оваа личност која постојано ја критикуваат не заслужува да биде третирана на таков начин. Целата идеја е дека кога Ким прави голо селфи, таа бара внимание. Но, тоа не е така. Жената може да бара внимание, но во исто време да изразува став. Тие две нешта не мора да се исклучуваат едно со друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top