Од 14 до 17 јули Прилеп ќе биде центарот на пивото, музиката и добрата забава. Марјан Ристески, градоначалникот на Прилеп, зборува за предизвикот да се организира манифестација како Пиво фест, особено во делот на обезбедувањето нормално функционирањево тие четири дена од аспект на обезбедување сместување, хигиена, сообраќај, паркинг, секако одржувањето јавен ред и мир и од аспект на запазување на здравјето. Сето тоа годиниве прерасна во модел за фестивалскиот туризам во земјата, особено ако се има предвид дека Прилеп со своите 80.000 граѓани, тие четири фестивалски дена пречекува 400.000 гости.
– Откако вечерта е заврши, утрото се веќе треба да е чисто, нормално да функционира градот. Ние имаме совет со сите институции кои директно и индиректно се инволвирани, тука се јавните претпријатија, инспекциските служби, МВР… Голема благодарност до сите нив, бидејќи 10 години заедно го работиме фестивалот и слободно можам да кажам дека нема проблем во ниеден аспект. Пред сѐ безбедноста ни е најважна и можам да се пофалам дека до сега ниту еден инцидент не се случил за време на фестивалот, што го крева рејтингот на фестивалот како еден од побезбедните фестивали на ниво на Балканот. Добар глас го бие фестивалот во однос на тоа, но тука е и непреченото движење на пешаците, на возилата, мора да се внимава на паркинзите… Прилеп е комплетно подготвен да прими за фестивалските денови илјадници возила кои доаѓаат од страна во нашиот град. Создадовме капацитет за паркинг за преку 20.000 возила, а јавното претпријатие е добро организирано, што секој кој доаѓа на фестивалот е пречекан на влезот и на излезите од градот и точно се насочува каде да вози, кој паркинг е слободен. Јас сум присуствувал на многу фестивали надвор од Макеонија, а се случувало по 45 минути да се бара паркинг место – вели градоначалникот Ристески, чија што желба е во Прилеп да ги види и своите музички миленици „Металика“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)