| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсените во „Ќелија 2“ со големо терористичко искуство

kelija-akcija

Уапсените во продолжението на полициската акција ќелија со големо терористичко искуство, откриваат извори од истрагата за TВ Нова.
Профилот на секој од приведените е различен, меѓу нив и со високо и со средно образование, има и побогати ама и сиромашни. Според оперативните сознанија на МВР, заедничко за четворицата повратници е тоа дека биле дел од муџахединските единици во Сирија и Ирак во текот на 2013 година.

Џихадистите кои од истражните органи биле следени со посебни истражни мерки подолго време биле регрутирани од земјава, од Македонија преку Турција се префрлиле на територијата на Сирија. Обуките ги добиле таму, нивното воено искуство преставува закана за државата, велат од полицијата од каде вчера информираа дека ќе одговараат за учество во терористичка организација, а кривичниот суд им одреди мерка притвор.

При претресите освен компјутери со радикални содржини пронајдена е и блуза со натпис на арапски исламската држава вечна. МВР има сознанија дека двајца од осомничените сеуште се наоѓаат на боиштата во Сирија.

Професорите по безбедност за ТВ Нова анализираат дека може да се очекува опасност од повратниците од повеќе аспекти, посебно доколку се цврсто идеолошки определени да спроведуваат задачи и по враќањето, бидејќи дел од нив се вратени во Македонија веројатно и по задача.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top