| четврток, 6 декември 2018 |

Момче уби тројца полицајци (Видео)

Момче уби тројца полицајци и повреди уште тројца други полициски службеници на автобуска постројка во турскиот град Шанлиурфа, по што е застрелано од полицијата.

yhbsfgsdfgfdsgdf

Како што јави ТАСС, до инцидентот дошло откако 17-годишното момче било запрено од полицијата поради проверка на документи.

Гувернерот на Шанлиурфа, Ѓунгор Азим Туна изјави дека не станува збор за терористички напад.

Напаѓачот имал психолошки проблеми, патувал со своето семејство, пиштолот го земал од татко му, па пукал во полицајците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top