Малку неверојатни сцени го одбележаа финалето на Европското првенство меѓу Франција и Португалија. Играчите не се бореа само со противниците туку и со инвазијата од ноќни пеперуги.
Непосредно пред почетокот на натпреварот, на стадионот „Сдар д Франс“ имаше инвазија на ноќни пеперуги, а организаторите безуспешно се обидуваа да ги исчистат барем од тревникот.
Ќе остане запаметен и моемнтот кога пеперуга му слетува на Кристијано Роналдо додека му се укажуваше лекарска помош.
Сепак, не се работи за теорија на заговор ниту за мистерија, пеперугите се собрале стадионот бидејќи организаторот ги оставил вклучени рефлекторите ноќта пред финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.