Момче уби тројца полицајци и повреди уште тројца други полициски службеници на автобуска станица во турскиот град Шанлиурфа, по што е застрелано од полицијата.
Како што јави ТАСС, до инцидентот дошло откако 17-годишното момче било запрено од полицијата поради проверка на документи.
Гувернерот на Шанлиурфа, Ѓунгор Азим Туна изјави дека не станува збор за терористички напад.
Напаѓачот имал психолошки проблеми. Тој патувал со своето семејство и го зел пиштолот на татко му, додаде Туна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа